Македонија

Блокиран булеварот „Гоце Делчев“, и денеска се протестира против одлуките на СЈО

Блокиран булеварот „Гоце Делчев“, и денеска се протестира против одлуките на СЈО
http://tv21.tv/mk

Повеќе десетици граѓани во петокот со своите автомобили го блокираа булеварот „Гоце Делчев“ пред Кривичниот суд во Скопје во знак на протест против обвиненијата што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, откако во четвртокот вечерта по истиот повод пред Основниот суд Скопје 1 Скопје се собраа повеќе стотици граѓани.

Протестот се одвива мирно, демонстрантите седат во своите автомобили, а и денеска пред судот е забележливо зголемоно присуство на полициски службеници.

СЈО во четвртокот по 18 месеци работа и обработка на илегално стекнатите незаконски прислушувани телефонски разговори кои му ги достави сегашниот прениер Зоран Заев поднесе обвиненија за низа и барања за одредување притвор за високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри.

Од оваа патија и дел од експертската јавност во земјата оценија дека станува збор за селективен и очигледно политички мотивиран потег на СЈО со цел да се организира хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство.

Инаку, во петокот истекува рокот од 24 часа во кој судот треба да донесе одлука по барањата за притвор и за мерки за претпазливост против дел од обвинетите во случаите на СЈО.