Блокиран германскиот авиосообраќај

Стотици летови се откажани во Германија откако вработените во државните институции кои што пружаат услуги на осум најголеми аеродроми во земјата започнаа штрајк, јави дописникот на МИА од Берлин.

Синдикатот кој што ги застапува работниците „вер.ди“бара зголемување на платите за шест отсто за два милиони свои членови.

Само на аеродромот во Франкфурт кој што е најголем во Германија се откажани околу 400 летови откако пожарникарите ги напуштија работните места. Штрајкот се одвива и на други седум најголеми аеродроми во земјата, Минхен, Келн, Дизелдорф, Хановер, Бремен, Берлин и Хамбург.

Според министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер штрајкот е „целосно непропорционален“ и непотребен и во име на владата најави понуда од 3 проценти раст на платите во авиособраќајот. Преговорите продолжуваат утре. Синдикатот уште во понеделникот го најави денешниот штрајк за да се намалат последиците за патниците кои што требаше да патуваат денеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.