Блокиран граничниот премин Богородица

Таксисти и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија и денеска го блокираа граничниот премин Богородица, во двете насоки.

На тој начин, како што информираат, тие го изразуваат својот протест и револт поради тоа што се уште не се вклучени во превозот на мигрантите од Прифатниот транзитен центар Гевгелија кон Табановце.

Од блокадите на градот Гевгелија, кои следуваа веднаш по нивното враќање од граничниот премин кон градот, таксистите и автобуските превозници се откажаа во интерес на граѓаните.

Од претседателствата на двете здруженија истакнаа дека и наредните денови ќе продолжат секој ден со двочасовна блокада на граничниот премин Богородица, без притоа да прецизираат до кога ќе трае нивниот протест.

И денеска, како и претходните денови граничниот премин Богородица од страна на таксистите и автобуските превозници ќе биде деблокиран во 12 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.