Блокиран сообраќајот на ГП „Богородица“

Поради протест на Здруженијата на лиценцирани такси превозници и лиценцирани автобуски превозници од Гевгелија денеска од 10:00 до 12:00 е во прекин сообраќајот на граничниот премин „Богородица“.

Како што соопшти АМСМ, повикувајќи се на информации од МВР, на јавниот собир ќе присуствуваат околу 62 такси возила и 12 автобуси, при што сообраќајот за влез и излез на граничниот премин ќе биде во прекин.