Македонија

Блокирани 40 доктори, издавале премногу приоритетни упати

Блокирани 40 доктори, издавале премногу приоритетни упати

„Мој термин” блокираше 40 матични лекари бидејќи издавале преголем број на приоритетни упати.

На ова реагираше Здружението на приватни лекари. Претседателката на здружението д-р Лили Чолакова Дервишова се обратила и до министерството за здравство. Според нејзе ниту еден матичен не смее да биде опструиран во неговата работа, од друга страна не се знае колку точно упати издале, можеби имале и голем број на пациенти, вели д-р Чолакова Дервишова, пренесе zdravstvo24.

Таа додава дека се случувало голем број на пациенти да го прескокнат матичниот и директно да отидат на специјалистички преглед ( користејќи познатства) и потоа специјалистот да им побара приоритетен упат од матичен и пациентот врши притисок врз матичниот лекар да му даде таков упат.

„Сите матични лекари кои се блокирани постои сеуште можност да дадат печатен упат без бројче. Постои и уште еден момент каде специјалист директно ќе може да го прегледа пациентот и да го врати упатот до матичниот лекар да стави печат. Така да ние како матични и како столб на здравството во оваа држава ќе ги искористиме сите алатки за да може да функционираме“, вели д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Таа апелираше сите специјалисти сами да си ги закажуваат контролите на пациентите и да не вршат притисок врз матичниот да бара термин за контрола, зошто системот тоа го дозволувал.