Блокирано движењето на преминот Батровци на српско-хрватската граница

Целосно е запрено движењето за сите превозни средства преку границата меѓу Србија и Хрватска на преминот Батровци.

Патот е блокиран од товарни возила, соопшти АМС на Србија.

Граничниот премин Шид е отворен за патнички автомобили и автобуси, но со селективно пропуштање на граѓаните од страна на хрватските власти.

Сите останати гранични премини со Хрватска, со исклучок на тој во Шид, се затворени.

Македонски камионџии го блокираа главниот премин на српско – хрватската граница

Македонски камионџии рано изутринава го блокираа патничкиот сообраќај во меѓуграничниот појас на преминот Батровци / Бајаково на српско-хрватската граница, јави Танјуг.

Според српската агенција, три камиони со македонски регитарски таблички, што превезуваат лесно расиплива стока, се попречени во меѓуграничниот појас на овој главен премин на границата меѓу Србија и Хрватска.

Камионџиите изјавиле дека се решиле на ваквиот потег незадоволни од неколкудневното чекање на границата, поради што стоката која ја превезуваат веќе почнала да се расипува. Тие се заканиле и дека расипаната стока ќе ја истоварат на самиот пат.

Според Танјуг, хрватската полиција се обидува да ги убеди да ги поместат возилата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.