Со БМВ влетал во ресторан во Тетово

Со БМВ влетал во ресторан во Тетово

Дваесет и четири годишниот Џ.И. од Голема Речица синоќа со автомобил БМВ влетал во ресторанот „Молина“ на улицата Илинденска во Тетово.

Несреќата се случила кога Џ.И. поради брзо возење, изгубил контрола над возилото, по што удрил во три паркирани возила, две „голф“ и „шевролет“, по што влетал во ресторанот.

Од ударот полесно повредени се Џ.И. и возачот на паркираниот „Шевролет“Ш.Х.(31) од Шипковица кој во моментот на несреќата бил во автомобилот.

По укажаната лекарска помош, двајцата се пуштени на домашно лекување. Полицијата извршила увид, а вкупната материјална штета се проценува на 300 илјади денари.