Боатенг откри зошто е избркан од репрезентацијата

Искусниот репрезентативец на Гана, Кевин Принц Боатенг ја раскажа својата верзија од големиот скандал кој се случи пред натпреварот против репрезентацијата на Португалија.

На неколку часа пред официјалниот старт на натпреварот, фудбалерите на Шалке и Милан беа отстранети од репрезентацијата со образложение дека покажале сезриозни знаци на недисциплина.

“Тој наводен инцидент за кого зборуваат почна за време на тренингот, кога при игра во круг, го прашав Мунтари, дали тој е судијата, на што селекторот помисли дека нему му се обрќам, по што почна да ме навредува. Јас и Мунтари се обидовме да му објасниме, но неуспешно. Наводно тоа била причината за отстранувањето… Но, вистината е друга. Тој само бараше причини да ме отстрани поради тоа што неколку дена претходно го прашав претседателот на федерацијата каде се парите и на што се трошат добиени од ФИФА за учество на Мундијалот. За разлика од останатите репрезентации, ние не можеме да ги носиме нашите семејства, сите играме за честа на државата, но иако сме професионалци, сите не можеме да живееме на висока нога”, изјави Боатенг.