Спорт

Боб-санка му ги скрши нозете на работник на Олимпијадата

Боб-санка му ги скрши нозете на работник на Олимпијадата

Работник на патеката за боб на Олимпијадата во Сочи потешко е повреден кога во него удрила боб-санка.

Инцидентот се случил на почетокот на тренингот на боб четворосед, кога пробниот боб кој се користи за проверка на патеката удрил во работник ангажиран за правење вештачки снег.

Човекот останал да лежи на патеката со двете скршени нозе се додека во помош не му пристигнале медицинските лица и волонтерите. Поради инцидентот одложен беше почетокот на тренингот.


Од Меѓународната боб и санкачка федерација се’ уште нема коментар за овој настан.