Бобан Илиќ вратен во притвор

470

Кумановецот Бобан Илиќ, осуден на шест години затвор за прегазување на малиот Алмир Алиу, по барање на обвинителството е вратен во притвор до правосилноста на пресудата и отпочнување на издржување на казната.

Илиќ беше на слобода откако основното јавно обвинителство во Куманово го преквалификуваше обвинението од убиство со умисла во тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според пресудата, во казната се пресметува и времето кое Илиќ гопоминал во притворот.

Тој не се појави во судот во Куманово во четвртокот, кога беше донесена пресудата против него. Тогаш беа осудени и таткото на Алмир, Седат Алиу, кој доби шестмесечен условен затвор, како и двајца негови роднини кои беа оосудени на девет месеци условна затворска казна. Тие беа осудени за насилствот, кое, според судијката, придонело да се случи последицата, односно смртта на Алмир.
Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по тепачка меѓу Илиќ и неговиот брат, кои биле нападнати од Седат Алмир и другите осудени, додека со автомобилот ја напуштале болницата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.