Бобан Утковски: Мојата порака е да бидеме сплотени

Лично сум имал многу средби од мој ранг од германски аташеа, сум имала големи дебати , они ме убедуваат зошто Тигрите мора да бидат толку наоружани, па ако влегуваат во села да не бидат во маскирни камуфлажни одела. Малте не да кажат пуштете ги луѓето со еден пиштол нека одат. Јас им велам се извинувам но моментов не е баш таков, дали вие во вашите земји го работите тоа така, на што они остануваат без одговор . Луѓето што работеле заедно со мене, што биле на тој браник да речеме Жилче, тие што биле резервисти или што не биле во активен состав, е тие луѓе беа многу храбри, со големо срце. Што седеа по 30-40 дена каде што имаше вода до колена, влага, каде што немаше никакви услови за живеење, што никој друг не појде на тој браник, кој беше многу клучен, вели бранителот Бобан Утковски.

На 9-ти мај се случи тоа што се случи, после тоа што отидоа некои структури,  некои лица таму да се сликаат со одредени лица. Тоа за мене, вели Утковски е многу болно и трагично за Македонецот.

-Овдека ќе станеше покољ луѓе мои, значи кланица. Македонија ќе се дестабилизираше, немаше ни да постои, ќе бевме да не кажам како Бејрут или Сирија. Тие деца го дадоа својот живот несебично. Како што од 2000 и 2002 година сме застанале на браникот и сега значи борбата продолжува. Мојата порака е да бидеме сплотени, бидејќи сме побројни, затоа што ни претстојат многу големи предизвици. Сега сме многу позрели за разлика од минатото. Сега знаеме во кој правец да се движиме за да ја зачуваме Македонија, говореше емотивно Бобан Утковски припадник на специјалната единица Тигри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.