Боби Кристина погребана до својата мајка Витни Хјустон

Телото на дваесет и двегодишната Боби Кристина денеска е погребано веднаш до нејзината мајка Витни Хјустон на гробиштата во Њу Џерси.

На погребот присуствуваа само роднини и пријатели. Во близина на гробот се појавија и фановите, а еден од нив рече дека присуствува во знак на поддршка на семејството Хјустон и дека тука е заради починатата Витни.

– Пред три години на ова место бев и заради Витни Хјустон, рче Мајкл Тарашук.

ТВ водителот Кевин Фрејзер, кој воедно е и семеен пријател изјави:

– Не беше тоа погреб на славна личност, туку на девојче чии роднини не можеа да  сфатат зошто толку брзо се врати на ова место.

Витни Хјустон ќерка Боби Кристина Браун почина комаМладата Боби Кристина почина во болница на 26 јули, шест месеци откако во нејзиниот дом во Атланта беше пронајдена во безсвесна состојба.

По инцидентот, никогаш не се разбуди од кома, а шестмесечната борба и грижа за нејзиниот живот на семејството и нанесе многу болка.

Славната пејачка Витни Хјустон се удави во када во хотел во Лос Анџелес во 2012 година, ноќта на доделувањето на Греми наградите. Боби Кристина е единствното дете кое го имаше со R&B пејачот Боби Браун. Заедно почнаа да настапуваат во 1999. година.

Смртта на Боби Кристина се уште е обвиткната во голема тајна, додека полицијата го истражува целиот случај.

Случајот е заведен како давење

Боби Кристина била хоспитализирана на 31 јануари, годинава, откако била најдена во бессознание во нејзиниот дом. Нејзиното тело било во када, а главата и била потопена во водата. Полициските власти случајот го завеле како „давење“.

Откако била примена во болница лекарите ја ставиле во вештачка кома и на апарати за дишење.

Според Кристен Фостер, претставник на семејството, Боби Кристина Браун, починала додека околу неа биле најблиските од семејството.

vitni-hjuston-bobi-kristina

– Таа најпосле најде спокој во рацете на бога. Сакаме да им се заблагодариме на сите за големата љубов и поддршка во изминативе неколку месеци, рекла Фостер.

 

 

Мајката на Боби Кристина, Витни Хјустон почина на четирисет и осумгодишна возраст во февруари 2012 година и тоа под многу слични околности како и нејзината ќерка.