Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма во Бразилија

Во палатата Итамарати во главниот град Бразилија се одржа свечена церемонија на која што амбасадорот на Република Македонија во Федеративната Република Бразил Ивица Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма на Сержио Франса Данезе, генералниот секретар на бразилското Министерство за надворешни работи.

Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма во Бразилија
Боцевски ги предаде копиите на акредитивните писма во Бразилија

Во разговорот по церемонијата на предавањето на копиите од акредитивите генералниот секретар Данесе истакна дека Бразил високо го цени отворањето на македонската амбасада во Бразилија, кое што воедно е и прво македонско дипломатско претставништво во Јужна Америка. Амбасадорот Боцевски искажа дека претставува висока чест и задоволство да ја претставува Македонија во Бразил, како и дека ќе настојува да ги продлабочи пријателските односи помеѓу двете земји во сите сфери, а посебно ги истакна потенцијалите за проширување на взаемната економска соработка, информираше македонското Министерство за надворешни работи.

Боцевски и Данезе се согласиле дека не постојат никакви пречки за унапредување на взаемните односи и дека постои широко поле за развивање и унапредување на соработката.