Боцевски: Јавноста веќе „му го измери паметот“ на Заев

Политичкиот аналитичар Ивица Боцевски во изјава за Сител, вели дека јавноста веќе „му го измери паметот“ на лидерот на СДСМ.

-Зоран Заев плива во морето во длабочини кои ги надминуваат неговите способности. Македонската јавност можеше да му го измери паметот на Зоран Заев дента по првиот круг на претседателските избори кога излезе со оние наводни телефонски снимки кои што според него, требаше во Македонија да направат некаков политички земјотрес, да бидат некаква бомба, рече Боцевски за Сител.

За експертите нема дилема – ако Заев лажеше досега, кој може да претпостави дека нема да лаже и во иднина?

Боцевски вели дека во однос  на Зоран заев, мислењето е мошне јасно формирано.

-Тој веројатно добро се снаоѓа како градоначалник на Струмица, меѓутоа на оваа функција претседател на СДСМ, потенцијален кандидат за премиер на Македонија, тој покажа дека не само што не се снаоѓа, туку е и опасност за македонскиот политички уставен поредок, заклучи Боцевски.