Боцевски: Заев е неук, плива во океан, а не може да плива ни во базенче

Заев е неук. Тој можеби е добар градоначалник на Струмица, ама тука е нивото. Тој плива во океанот, а не може да плива ни во базенче за деца, тоа е неговиот проблем, смета политичкиот аналитичар Ивица Боцевски.

Зоран Заев покажа елементарно непознавање на политиката, додаде Боцевски во синоќешното гостување во „Миленко Неделковски Шоу“ на Канал 5.

Луѓето гласот го даваат врз основа на тоа како сакаат да им биде уреден животот, а не врз основа на скандали, вели Боцевски додавајќи дека тоа е проблемот на Заев.