Bodytec концептот пристигна и во Скопје – Бидете дел од новата фитнес генерација!

Само со дваесет минути неделен тренинг можете да го остварите вашиот сон за поздраво и поцврсто тело. Конечно пристигна концептот Bodytec во Скопје, кој е базиран на едноставен персонален фитнес тренинг со помош на електро-мускулна стимулација (ЕМС).

Bodytec е водечко светско ЕМС решение и пионер на ЕМС технологијата во Македонија.

Bodytec претставува совршена фитнес солуција и сеопфатен тренинг за секого: овозможува брзи, ефективни и видливи резултати, со намалување на вишокот маснотии и телесна тежина. Мускулите на телото постепено се дефинираат,  а физичката сила се зголемува. Овој вид на високо ефективен тренинг веќе повеќе години го користат огромен број на професионални спортисти, како и центри за рехабилитација ширум светот.

Истражувањата покажуваат дека ЕМС тренингот е далеку поефективен од конвенционалните фитнес тренинзи. Само 20 минути неделно се потребни за поздраво и посилно тело.

Главни предности на Bodytec тренингот се:

–              Модерно студио со индивидуален пристап и стручен надзор при тренингот

–              Висока технологија и најсовремена опрема

–              Тренинг само во однапред закажан термин – нема чекање!

–              Максимум до два клиента во една тренинг сесија

–              20 минутен тренинг, еднаш неделно

Првиот Bodytec центар во Македонија се наоѓа на ул.Димче Мирчев бр.20 ло.6, Скопје.

Промотивно, во првата недела од отварањето на Bodytec – секој гостин што ќе резервира термин, добива еден бесплатен тренинг.

Повеќе информации и резервации може да се обезбедат на телефонскиот број: 077 833 332, на е-mail:info@bodytec.mk, на Facebook:https://www.facebook.com/bodytec.mk или преку официјалната веб страна: http://www.bodytec.mk.

Bodytec – бидете дел од новата фитнес генерација!