Богати и убави актерки кои биле изневерени

Бројот на изневерени жени расте, а овие дами ја почувствувале неверноста на своја кожа. Овие дами се убави и имаат многу пари, но тоа не ги спречило мажите кои биле со нив да ги изневерат.

Ума Турман

Кога во 2003 година се појавија гласини дека односот меѓу актерката Ума Турман и режисерот Квентин Тарантино ја преминала професионаланта за време на снимањето „Кил Бил“, се чинеше дека нејзиниот сопруг не се грижеше многу околу тоа.

Меѓутоа, на актерката и врати со двојна мерка, па ја изневери со млада канадска манекенка. Парот набрзо потоа се разведе по пет години поминати во брак.

Риз Вајтерспун

Холивудската актерка беше во брак седум години со колегата Рајан Филип со кој има две деца. Иако американските таблоиди веќе од почетокот овој брак го осудија на пропаст, капката која ја прели чашата беше вонбрачната ќерка на Рајан со колешката Еби Корниш.

Со оглед на тоа дека Риз во тој период заработуваше по 20 милиони по улога, а немаше потпишано предбрачен договор, не само што беше изневерена, туку по разводот мораше на сопругот да му даде половина од својот имот.

Сандра Булок

И холивудската актерка Сандра Булок се зачлени во клубот изневерени жени кога откри дека нејзиниот сопруг, мотоциклистот Џеси Џејмс ја изневерува со неколку жени истовемено. На листата на негови убовници се најде и Кет Вон Ди, која со Џеси ја продолжи врската по неговиот развод со Булок.

Тори Спелинг

Актерката Тори Спелинг се прослави со улогата на Дона во серијата „Беверли Хилс“, која се емитуваше речиси десет години. И покрај јавното изневерување од страна на нејзиниот сопруг, Дин Мекдермонт, тие останаа во брак.