Македонија

Богатиот живот на водството на СДСМ во „диктатура“

Богатиот живот на водството на СДСМ во „диктатура“

Челните луѓе на СДСМ со постојани напади кон власта дека таа практикува диктатура. Но, доколку се погледнат анкетните листови, не повеќе, туку на првите двајца луќе во СДСМ Зоран Заев и Радмила Шекеринска, по раскошот и имотот кој го располагаат лидерите на опозицијата, не само што нема ниту „Д“ од диктатура, туку  тие водат неколкукратно подобар живот од сите просечни граѓани.

Еве како изгледа животот во диктатурата како што Шекеринска и Заев се обидуваат да го претстават. Според анкетниот лист Шекеринска заедно со нејзиниот брачен другар поседуваат четири стана, од кој што едниот е со поврсина од 178 м2, (станот што нејзиниот сопруг си го изнајмува самиот на себе си, за што добива дополнителни пет илјади евра месечно, или годишно приближно четири милиони денари).
Истовремено Радмила Шекеринска е љубител и сопственик на повеќе уметнички колекционерски предмети и уметнички слики за чија  вредност нема внесено податоци.

anketen-rada

 Истовремено,  во медиумите неодамна се отвори и сторија дека брачниот пар Шекеринска – Јанковски поседува непријавена вила во Маврово вредна над 100 илјади евра, а тука е и огромниот бел „митсибуши“ џип,  во кој беше забележана Шекеринска како се вози низ скопските улици.

sek

sek1

sek2

Но, во ништо не заостанува и првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, кој има многу повеќе од неговата сопартика. Човекот кој секој збор му е напад за постоење на диктатура поседува со неговото семејство бизнис империја во Стумица и регионот. Меѓу другото, тој како заеднички имот пријавил и куќа од 400 квадрати, стан, деловен простор, земјоделско земјиште. А за време на кампањата медиумите забележаа дека на собирите со граѓани додека збореше за  средната класа пристигнува со „ауди а8“,  што чини осумдесетина илјади евра. Запрашан,  неодамна,  колку финансиски тежи семејството Заеви, тој  неможејќи точно да пресмета, кажа дека тежи шест до седум  милиони евра.
zaaa

Гледано по удобниот живот и натпросечното богатсво  на раководството на СДСМ, по ништо не може да се забележи  дека овие луѓе живеат во диктатура.