Богатите Украинци бегаат во Виена

Симнатата украинска политичка елита бега со своите семејства од хаосот кон запад, а многумина од нив ја одбраа Австрија.

Меѓу богатите Украинци, блиски до претседателот Виктор Јанукович, Австрија е омилена дестинација.

По поранешниот премиер во Австрија допатува и гувернерот на Народната банка на Украина, Серж Клиев.

Според пишувањата на виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ Австрија за богатите Украинци е засолниште во кое можат да водат безгрижен живот во егзил.

Многу личности блиски до Јанукович во изминатите години си обезбедиле сигурно засолниште во елитниот дел на Виена и Долна Австрија.

Од моментот на избивање на кризата во Украина безбедносните сили на Австрија забележаа зголемен број на патувања на богатите приврзаници на Јанукович.