Богдановиќ: Ниту еден вработен од ЈП ПОЦ не учествувал во вчерашниот инцидент!

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ реагираше на објавите од неколку медиумикаде што беше поврзан вчерашниот инцидент пред кафулето Круг со ЈП ПОЦ.

За сите медиуми кои се вклучени во објавата дека вработени во ЈП ПОЦ учествувале во инцидент, или што на било каков начин го поврзуваат вчерашниот настан со ова претпријатие, директорот изјави дека ќе поднесе соодветна пријава доколку истите не бидат отстранети и сите невистини избришани.

Вчера во неколку медиуми беше објавено дека вработени од ЈП Паркинзи на општина Центар учествувале во инцидент. Таа информација е неточна и во рок од 24 часа барам да се избришат неточните информации и шпекулации од сите медиуми кои неточно го пренеле вчерашниот настан, со цел повторно да го оцрнат моето и името на ова претпријатие, изјави Богдановиќ.