ОК ВМРО – ДПМНЕ Центар: Богдановиќ зема плата од речиси две илјади евра

Директорот на Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ зема плата во износ од речиси две илјади евра, а неговиот заменик Вангел Андрески од околу илјада и петстотини евра.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар објави документ кој, како што се вели во соопштението, го покажува расипништвото и мегаломанството во работењето на општината центар и претпријатијата кои се под нејзина управа.

Од ОК ВМРО – ДПМНЕ велат дека заменик директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Андрески Вангел зема месечна плата од неверојатни 94 илјади денари (со влучен додаток-вариабила). Тоа е сумата на пари која ги чини центарци за неработа, нефункционирање и неквалитетно обавување на услугите на ова претпријатие.

presmetka-plata-bogdanovic

Ако се земе предвид дека  Директорот на Паркинзи на Општина Центар Саша Богдановиќ земал по 119 илјади денари плата (со вклучен додаток-вариабила), јасно е дека се работи за неверојатно расипништво на штета на граѓаните на Центар. Саша Богдановиќ и Андрески Вангел земаат по 5 односно 4 просечни плати секој месец, додека центарци се гушат во смет, неасфалтирани улици, проблеми со фекланата и водоводна мрежа или поточно од општина која е репрезент на државава, најурбаната градска средина доведена е до ниво и стандард на живеење како во некоја паланка од почетокот на минатиот век , наједноставно кажано во поголемиот дел на општина Центар владеат супстандардни услови за живот. Нормално како татко на општината сето ова е со одобрување на градоначалникот на општина  Центар Андреј Жерновски е доказ дека освен личните интереси, пари, луксуз и позерство не ги интересира ништо друго, а посебно не граѓаните на Центар, се вели во соопштението на ОК ВМРО – ДПМНЕ Центар.