6.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Богдановиќ прво потпишал решенија за градба, па прогласил мораториум

Веќе пет месеци општина Центар го спроведува мораториумот за градење што се донесе на седница на совет на 27.12.2017 година. Ова беше предизборно ветување на градоначалникот Саша Богдановиќ. И се ќе беше во ред ако Богдановиќ и претседателката на советот Јана Белчева Андреевска не ги ставија во заблуда граѓаните на општина Центар, пишува порталот „Лидер“.

Од она што го дознава „Лидер“ од извори во Општина Центар е дека иако одлуката е донесена на шестата седница на совет на 27.12.2017 година, сепак градоначалникот Богдановиќ знаел дека на таа седница ќе се прогласи мораториум и тој само на неколку часа пред почнувањето на седницата потишал неколку одобренија за градба. Секако ваквото нешто го знае и „независната“ претседателка на советот на Општина Центар, Јана Белчева Андреевска, која како претставник на здружението во одбрана на Дебар Маало беше најгласна околу бесправното градење на објекти во Центар.

Во нејзиното гостување во емисијата „Топ Тема“ на прашањето Белчева не даде ниту еден конкретен одговор на прашањето зошто се уште продолжува да се гради во Центар и покрај мораториумот за градба.

-За жал одлуката за забрана за градење се однесува за оние парцели за кои нема никаква започната постапка за добивање на одобрение за градење. Ние ретроградно не можеме да ги запреме оние кои и веќе во напредна фаза го имаат поминато правниот процес за градење. Мене ми е особено криво и ме боли од тоа што го гледам во оопштината. Граѓаните ме прашуваат како е сега можно ова да се случува. Тука ни беа оневоможени и немавме иструменти ова да го спроведеме, рече Белчева.

Но, она што пропушти да го каже Белчева е дека тие веќе претходно веќе ги имаат издадено одобренијата за градба. На пример на ул. „Христо Смирненски“ 32а која се наоѓа во Буњаковец се гледа на таблата која мора секој да ја има кога ќе започне со градежни активности дека одобрение за градба добиле токму на денот кога е донесен мораториумот за градење на 27.12.2018, а правосилна одлуката станала на 31.01.2018-та година.

Освен ваквото неприцинпиелно однесување и лажната грижа за центарци, да биде трагедијата поголема, одобренија за градба се издаваат и за време на мораториумот. Нормално одговор за ваквото однесување на Богдановиќ немаше ни пред неколку месеци, а нема ниту од големата активистка Белчева, пишува „Лидер“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.