Богдановски: Центарци заслужуваат многу подобро од ова

ВМРО-ДПМНЕ и денеска имаше панел дискусија, панелот беше насловен „Општина Центар стагнира, Жерновски доказ за неспособноста на СДС“. Горан Богдановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Центар кажа дека на нивна иницијатива неопходно било да се направи социјална карта, да се види како стојат деловни показатели, односно да се лоцираат проблемите, а како што вели со самото лоцирање половина проблем е решен.

-Ако нема социјална карта имаме проблем, сериозен проблем, затоа што не можеме да знаеме дали во општината наша има едно дете со одреден проблем, десет или сто илјада, 10 илјади и не можеме да ги решиме проблемот. На тој наш предлог беше направена една таква, но не дава ништо, бидејќи не можеме да извлечеме никакви параметри за здравјето на луѓето, кажа Богдановски.

Богдановски кажа дека центарци заслужуваат многу подобро од ова, во повеќе сегменти меѓу кои и образованието. Тој кажа дека очекувале подобри училишта и градинки, но од тоа нема ништо.