Спорт

Богдановски, Чепишевски и Блажевски ќе пливаат за Македонија во Доха

Богдановски, Чепишевски и Блажевски ќе пливаат за Македонија во Доха

Пливачката делегација на Македонија на светското првенство во Доха ќе биде составена од тројца пливачи, Анастасија Богдановски, Горазд Чепишевски и Марко Блажевски.

Богдановски ќе учествува во дисциплината слободно пливање на 50, 100 и 200 метри, потоа грбно на 50 и 100 метри и мешано на 100 метри. Чепишевски ќе плива во дисциплината грбно на 50, 100 и 200 метри, додека Блажевски ќе се натпреварува во дисциплините мешано пливање на 100, 200 и 400 метри, 200 метри слободно и 200 метри делфин.

Првенството ќе трае од 3 до 7 декември.