петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 52

Богоев: Ќе доставиме предлог до Собранието за укинување на екстерното

Тој рече дека ќе ги мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

сб(7)

Последни вести

СДСМ денеска ќе го достави до Собранието предлогот за измени во Законот за образование, рече пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев на денешната прес-конференција.

– Ветивме дека помеѓу првите наши промени ќе биде укинувањето на штетниот проект наречен екстерно тестирање. Сакаме да ги заштитиме родителите и професорите од овој таканаречен проект кој покажа негативни резултати – рече Богоев.

Тој рече дека ќе ги мотивираат учениците и училиштата не преку казни, туку преку награди да се вложуваат повеќе и да покажуваат подобри резултати.

– Огромен број граѓани го поддржаа овој наш предлог поради стресот кој го доживуваат учениците и родителите, но и професорите кои се под постојан стрес да не бидат казнети – рече Богоев.

Најчитани вести