Богоев: Општина Каропш ја преземавме со блокирана сметка и со превработеност

Новиот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, на денешната средба со новинари посочи дека општината е затекната во тешка финансиска состојба, со многу долгови. Нејзината сметка била блокирана дента кога тој стапил на градоначалничката функција, а денеска успеале да ја одблокираат.

Како една од причините за финансискиот проблем на оптината, Богоев ја посочи превработеноста во администрацијата, а како пример ја наведе општина Аеродром, која брои повеќе жители а има двојно помалку административни работници.

Имено, Општината Аеродром имала 200, а Општина Карпош околу 420 вработени. Од нив  90 лица се грижат за хигиената на општина Карпош, а останатите се вработени во администрацијата.

„Ова се наметнуваа како сериозен предизвик како да се справиме со оваа ситуација и како и да се обезбедат средства за реализиција на ветените проекти“, посочи Богоев.

Намалување на вработенте во општината веќе почна со отпуштање на 40 лица, на кои договорот за работа им истекол на 31 октомври годинава. Богоев вели дека не се работи за партиски реваншизам, туку за дел од нив постоеле сознанија дека земале плата а не оделе  на работа, а дел биле во сектори каде што постои голема превработеност.

На 130 лица, исто така со договор на дело,  продолжен им е договорот за работа, но постои голема веројатност тие да бидат следи во некој друг бран на отпуштања.

Финансиското работење на општината се’ уште е под инспекциски надзор на Државниот завод за ревизија, а добиените резултати ќе бидат споделени во јавноста, вети Богоев.

Како приоритетни проекти кои прво ќе почне да се реализираат е обезбедување нови паркинг места за жителите со изградба на монтажни паркинзи, изградба на затворен базен и фитнес зони, паркови за миленици и изградба на голе парк.