Богоевски на распит во Обвинителство за „Маѓар Телеком“

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски се појави во Jавното обвинителство на сослушување како сведок за аферата со „Маѓар телеком“ милионската афера, за која е во тек и постапка во Њујорк, пишува Утрински весник.

Богоевски беше повикан на сослушување, откако во саботата се врати од неколкудневниот одмор на доиздржување на казната затвор во кумановскиот затвор. Богоевски во моментов ја отслужува двегодишната казна затвор за случајот „Агент”, односно за продажба на државно земјиште – плац со површина од 19.000 метри, во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Засега не се обелоденува кој се’ ќе се најде на листата на сведоци во предистражната постапка која обвинителството ја отвори неодамна по „допрен глас од јавноста“. „За други дејствија кои ќе бидат преземени, во моментов не сме во можност да споделиме детали“, велат извори од Јавното обвинителство, за „Утрински веснк“.