Македонија

Богојески: По промената на раководството на партијата веќе може да се разговара

Богојески: По промената на раководството на партијата веќе може да се разговара

Еден од иницијаторите за внатрепартиски реформи на ВМРО-ДПМНЕ, а сега заменик генерален секретар на партијата, Петар Богојески, во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 негираше дека нивната иницијатива ја снемало откако дел од нив добиле партиски функции.

Ние сме тука и дејствуваме и работиме на комплетната агенда на внатрепартиската иницијатива за реформи на ВМРО-ДПМНЕ. Со промената на раководството на партијата се создадоа услови да може нормално да се разговара. Сега сме на почетокот на промените. Во новиот статут предвидуваме индивидуална одговорност, слобода за иницијативи. Иницијативата за реформи е автентична и создадена од нас самите, рече Богојески.