Богов демантира дека има конфликт на интереси во НБРМ

НБРМ: Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија
НБРМ: Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија

Економијата во моментов во земјава е најсилната точка, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов и порачува дека во вакви политичка констелација најмалку што треба е да се наруши нејзината стабилност, пренесува МИА.

– Имаме макроекономска стабилност, стабилен курс на денарот, стабилност на банкарскиот сектор, ниска инфлација, економски раст кој очекуваме годинава да го продолжи трендот од претходните години и да биде повисок од претходната и најмалку што ни треба во рамки на политичките констелации што ги имаме во моментов да ја нарушиме стабилноста на економијата, макроекономската и банкарската стабилност и да наштетитеме на економскиот раст, рече на денешната прес-конференција гувернерот Богов оценувајќи ги како невистини изнесените информации во медиумите за работењето на Народната банка на Република Македонија.

Додаде дека единствено што може да не дестабилизира се изнесувања невистини и инсинуации и оти преку  економијата, а особено преку банкарскиот сектор најлесно може да се наштети.

Посочи дека и домашната потрошувачка е здрава и дека расте и оти не влијае врз движењата на инфлацијата.

– Теоретски дефлацијата не е добра за економијата но ако е предизвикана од домашни фактори, а кај нас таа е предизвикана од увозните цени на нафтата и на некои основни прехранбени производи. Од тој аспект е поволно што увезуваме такви производи и тоа има поголем ефект врз надворешно-трговската размена, а домашните фактори воошто не влијаат на ваквото движење на инфлацијата, рече Богов и додаде дека годината очекуваат да заврши со позитивна инфлација меѓу 0 и 1 процент.