Богов: Македонија со кредитен раст меѓу највисоките во Европа

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов вчера во гостувањето на ТВ Телма потенцира дека Македонија има кредитен раст меѓу највисоките во Европа.

-Имаме макроекономска стабилност која што ја постигнавме со историски најниска каматна стапка. Значи ние немаме проблеми во макроекономската стабилност. Курсот е стабилен, инфлацијата е ниска, банкарскиот сектор е сигурен, испорачува кредитна поддршка на економијата која во моментов е една од највисоките во Европа. Тоа е реалност. Иако не е драматично висока, но во Европа сега најголем дел од земјите имаат негативни трендови на кредитен раст, истакна гувернерот Богов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.