Богов: Македонија во изминатите осум години и покрај рецесијата во Европа, покажуваше највисоки стапки на економски раст

Ако се споредиме со соседните држави во регионот,нашето ниво на јавен долг од 46 отсто бруто домашниот производ (БДП0)е ниско,oдносно е умерено ниво на јавен долг, истакна гувернерот на Народна банка на Република Македонија Димитар Богов, во вчерашната емисија „24 Анализа” на телевизија 24 Вести,

„Земете ја на пример Албанија со над 70 отсто јавен долг од бруто-домашниот производ, Србија со над 70 поценти, Хрватска со над 90 и Словенија со над 80 отсто ниво на јавен долг“, направи споредба гувернерот Богов одговарајќи на прашањето дали досегашното темпо на задожување е пропратено со соодветен економски раст и обратно.

„Економските фундаменти во Република Македонија се стабилни и поради здравите економски фундаменти ние остварувавме континуиран раст на економијата. Во 2015 година и покрај големата политичка криза, Република Македонија оствати раст на економијата за 3,8 отсто и тоа е еден од највисоките економски растови во цела Европа“, анализираше Богов.

Кога ја гледаме Македонија, додаде Богов, не може да ја гледаме како изолиран случај, во изминатите осум години во услови на длабока рецесија во цела Европа, Македонија покажуваше највисои стапки на раст, кои иако беа умерени стапки од 2 до 3 отсто раст, тоа се одвиваше во услови кога останатите земји имаа негативни стапки на економски раст или многу ниски стапки на економски раст.

„За разлика од Македонија, сите останати земји во Европа имале многу помал економски раст во изминатиот период“, рече Димитар Богов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.