Богов: Минатата година инвестициската активност трпеше поради политичката неизвесност

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов во интервју за Сител телевизија истакна дека политичката криза која беше креирана минатата година од страна на СДСМ и Зоран Заев имала реални импликации врз економијата.

Економската теорија е многу јасна, неизвесноста влијае негативно врз инвеститорите тие ги одложуваат своите инвестициони одлуки, потрошувачите ги одложуваат своите потрошувачки одлуки, така што сето тоа влијае на намалена економска активност. Ние тоа го видовме минатата година инвестициската активност трпеше поради таа политичка неизвесност, имавме како што кажавте одредена штета од тие случувања, растот беше помал од она што реални можеше да биде остварен. Веројатно истото ќе се случи и оваа година, ние во моментот ја правиме најновата рунда на проекции за оваа и за наредната година, на почетокот на Мај ќе излеземе со бројките, тогаш ќе ја имаме целосната слика, но политичките ризици се тука и веројатно повторно ќе го земат својот данок, истакна Богов.

Тој потенцираше дека ценовната стабилност е обезбедена и дека се дава стимул на банките за кредитирање на фирмите извозници и произведувачи на енергија.

Народната Банка значи во услови кога ценовната стабилност е обезбедена не е доведена во прашање, сигурноста на банкарскиот систем  исто така.

Значи има исто со Законот дадено одредени задолженија дека во такви услови може и да ги подржи економските политики. Значи ние согледавме во изминатите години дека имаа можност Народната Банка да даде одредена поддршка, особено кога кредитниот раст забавуваше во 2013-та година. И тогаш ја донесовме таа мерка којашто два пати ја продолжуваме. И со таа мерка им даваме одреден стимул на банките за да даваат кредити на оние фирми коишто се јавуваат како извозници и оние коишто произведуваат енергија. Тоа се сметаме два сектори кои што се значајни за нашата економија, значајни за нашиот надворешни трговски биланс. И поради тоа е даден тој стимул, банките го користат тоа но има простор за уште повеќе да ги кредитираат овие два сектори на македонската економија, вели гувернерот на НБРМ.

Богов, воедно појасни дека воведувањето на новите банкноти од 200 и 2000 денари е редовна пракса, потенцирајќи дека инфлацијата во Македонија е околу нула, и во таа насока се и очекувањата за наредните години.

Три години го подготвуваме тоа, пред  три години е донесена одлуката, во целиот овој период тече постапката. Тоа се банкноти од 200 денари, од 2000 денари и тоа е една редовна постапка на замена на старите пари со нови пари.  Значи овие банкноти ќе заменат некои други банкноти кои што премногу се користат сега, како што се 1000 бидејки тие се најчесто користени во банкоматите. Така што ова воопшто нема поврзаност со инфлација како што некој се обидуват тоа да го претстават, значи тоа е една редовна замена на парите, инфлацијата во Македонија во последните 2 години е околу нулата и не очекуваме ниту во наредните неколку години дека таа ќе биде проблем и таа секогаш ќе биде под контрола, заклучува Богов.