Богов: Нема потреба од промена на монетарната политика, но тешко ќе се оствари проектираниот раст

Народната банка на Република Македонија во наредните неколку месеци не гледа потреба од промена на монетарната политика, но гувернерот Димитар Богов смета дека тешко ќе се оствари проектираниот раст од 4,1 отсто на македонската економија, пренесе МИА.

Засега нема потреба од менување на поставеноста на монетарната политика. Ние еднаш во месецот ја разгледуваме поставеноста. Последен пат беше во мај, тогаш заклучивме дека ситуацијата е непреоменета и останува поставеноста како што е. Лично не би очекувал да имаме ситуација за промена на оваа поставеност ниту во наредните неколку месеци. Секако ние редовно ги следиме движењата.

– Засега нема потреба од менување на поставеноста на монетарната политика. Ние еднаш во месецот ја разгледуваме поставеноста. Последен пат тоа беше во мај и тогаш заклучивме дека ситуацијата е непроменета и останува поставеноста како што е. Лично не би очекувал да имаме ситуација за промена на оваа поставеност на монетарната политика, ниту во наредните неколку месеци. Секако ние редовно ги следиме движењата, изјави гувернерот Богов одговарајќи на новинарски прашања по денешанта средба со туриските инвеститиори организирана од Македонско-турската стопанска комора МАТТО.

Тој додаде дека наредното разгледување на состојбите ќе биде во јуни и оти не очекува дека нешто позначајно ќе се промени за да има позначајни промени и во монетарната политика.

– Внимателно ќе ги следиме движењата и не треба да се очекува загрозување на макроекономската стабилност, порача Богов додавајќи дека вакви тестови имала Народната банка и во минатото и успешно одговорила на задата макроекономската стабилност била задржана, а курсот на денарот е стабилен од 1997 година.

Оценува дека со оглед на тоа дека политичката ситуација се пролонгира и во цел април и мај најверојатно ќе има одредена штета врз економскиот раст и веројатно проектираниот раст од 4,1 отсто тешко дека ќе се оствари.

– Ние проектиравме раст од 4,1 проценти. Тоа е наше основно сценарио во кое не се земени предвид овие политички случувања, но земено е предвид дека тие претставуваат ризик фактор, кои во оној момент кога ги правевме проекциите, а ги правевме во април не бевме во состојба да го квантифицираме тој ризик, односно да го преточиме во бројки и затоа го дадовме само како ризик, ако се материјализира тогаш нашата стапка од 4,1 отсто нема да се оствари, истакна Богов.

Според него, ако заврши побрзо оваа ситуација тогаш таа загуба на растот нема да биде толку голема, ако трае подолго тогаш таа загуба ќе биде поголема.

Доколку потрае состојбата, гувернерот истакна дека би дошло до намалување на производството, инвестициите, побарувачката, пренесување на негативните ефекти врз банкарскиоот сектор и можно е на крајот да дојде до загрозување на макроекономската стаиблност, во такви услови НБРМ презема она што мора за да ја зачува макроекономската стаиблност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.