петок, 13 јануари 2017  |  Вести денес: 18

Бојадисување велигденски јајца со салфети

jaja_nas

Последни вести

Оваа година направете уникатни велигденски јајца со помош на салфети со интересен дизајн и домашно подготвен шербет.

Потребни ви се:

-јајца

-салфети со интересни дизајни

-домашно подготвен шербет

Прво го правите шербетот кој не треба да биде многу густ. Сварете една шолја вода со 5 лажици шеќер и тоа е сосема доволно. Во меѓувреме ги варите јајцата, кои мора да бидат врели во моментот кога ги ставате парчињата салфети над нив.

Техниката е едноставна. Трослојната салфета ја делите на најтенки слоеви. Онаа со принт на неа ја сечете според дизајните. За да ви биде полесно лепењето, сечете што помали парчиња. Потоа го ставате парчето салфета ја врело јајце и над него со лажица преливате малку шербет. Салфетата веднаш ќе се залепи за јајцето. Истото го правите се додека не го обложите целото јајце со салфета.

Најчитани вести