Бојаџи: Постојат нетипични начини на корупција

Васка Бојаџи – студентски правобранител на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ гостува во денешното Отворено студио на ТВ Нова на кое се разговара за корупцијата во високото образование.

Работев на неколку случаи коишто се поврзани со корупција. Најчесто тие не функционираат на типичен начин на давање мито, односно преку давање на пари и за тоа добивање на определена услуга, туку преку задолжување на студентите да набават оригинална купена нова литература во авторство на професорот и тоа се поставува како услов или за добивање на потпис во индекс, којшто регуларно студентите би требало да го добијат со извршување на определени обврски, изјави Бојаџи.

Несомнено дека нивниот труд како автори треба да се почитува, меѓутоа, поседувањето на новокупена оригинална литература не смее да се поставува како услов во стекнувањето на кое било право на студентот, децидна е Бојаџи.

Бојаџи ги покани студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да се обратат кај студентскиот правобранител доколку се сретнат со вакви или со какви било други проблеми во текот на нивните студии, потсетувајќи дека тоа можат да го сторат и анонимно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.