Бојко Борисов фаворит на парламентарните избори во Бугарија

Во Бугарија в недела ќе се одржат вонредни парламентарни избори, втори од тој вид во изминатите 17 месеци.

Според анкети, Граѓани за европски развој на Бугарија имаат најмногу шанси за победа додека на второ место може да бидат социјалистите, а трето турската малцинска партија Права и слободи.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов беше премиер на државата од 2009 година кога се случија масовни протести против сиромаштијата и високите цени на енергенсите и тој во 2013 година поденсе оставка.

На предвремените избори во 2013 година ГЕРБ повторно победи, но Борисов не оформи влада. Технократска валда формираа Социјалистите и МРФ чиј премиер беше Пламен Орешарски. Владата на Орешарски траеше 14 месеци.

Според анкети ГЕРБ ќе освои околу 37 отсто гласови, социјалистите 22-23 отсто и МРФ околу 13 отсто. Не е извесно дали  Борисов во случај на победа ќе може да формира влада бидејќи би имале 98-100 места во 240-члениот парламент.

Од таа причина, значајна улога би имале помали партии меѓу кои и десничарите од Атака кои имаат поддршка од околу 4 отсто избирачи.

– Во овој момент не гледам со кого би формирале влада, изјави вчера Борисов. – Ако освоиме 110-115 места ќе најдам решение. Во спротивно, им препуштаме на другите да се обидат.

Борисов (55) поранешен пожарникар и телохранител во 2005 година беше избран за градоначалник на Софија, а следната ја формираше ГЕРБ.

Само 150 Македонци со бугарски пасоши се пријавиле дека ќе гласаат за парламентарните избори во оваа земја.

Бугарија е најсиромашна членка на ЕУ во која просечната плата е околу 400 евра. Неодамна спроведена анкета укажува дека граѓаните сметаат оти ситуацијата во државата е „неподнослива“ (69 отсто), а 60 отсто веруваат дека изборите ќе ги променат работите. Бугарија има околу 7,4 милиони жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.