Бојкотот продолжува – Кој ги манипулира средношколците?

Претставниците на Средношколскиот пленум не се  задоволни од денешниот тек на разговори  и го продолжуваат бојкотот.  Како што соопштија од Пленумот, МОН истапило со предлогот уште годинава да се полага матура по стариот концепт,  а да се формираат работни групи што ќе работат новиот концепт за следната генерација матуранти. Барањето за ставање во мирување на екстерното тестирање не им е прифатено, соопштија од Средношколски пленум по средбата.
Среношколците веќе трет ден кампуват во Паркот на новинари спроти зградата на Министерството за образование.
Инаку, на првата средба со претставници на Средношколскиот пленум, Вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за образование Абдулаким Адеми упатија апел до родителите да ги вратат децата на настава.

Средбата, како што истакна вицепремиерот Пешевски, иако била со нелегитимни претставници на средношколците, била реализирана  поради грижа за нивната безбедност по одлуката  да кампуваат спроти Министерството за образование и наука.

Тој ги повика родителите да побараат од своите деца да престанат со бојкотот бидејќи, како што рече, во крајна линија тие се најголеми губитници, со оглед дека веќе 12-ти ден голем број од децата не посетуваат настава и е пропуштен е доста материјал.

„Нам навистина ни е во интерес образованието да продолжи, да завршат матурските испити и да им се овозможи на оние деца коишто сакаат да го продолжат образованието да се запишат на факултет“, истакна Пешевски.

Унијата на средношколци на Македонија, како единствен легитимен претставник на средношколците во Македонија на почетокот од месецов  постигна договор со Министерството за образование и наука  математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура.  Поточно математка ќе  полагаат само оние ученици коишто одбрале да бидат математичари.

Претставници од Унијата  пред три недели го кажаа својот ствав дека Средношколскиот пленум е нелегитимна и неформална организација со политичка позадина која ги манипулира учениците заради оставрување политички цели и интереси.

Тие упатија и апел до соучениците,  да не наседнуваат на манипулации затоа што за неодење на настава, бојкот на образовниот процес, небезбедно патување во автобуси, без знаење и дозвола на родители,  последиците ќе ги сносите директно средношколците , а не оние кои се кријат зад нив. Им порачаа  на политичарите да ги тргнат  рацете од средношколците, зашто политиката нема место во  училниците.

Унијата на средношколци на Македонија на почетокот од протестите  посочи дека таа  е единствен легитимен претставник на средношколците во Македонија, при тоа оценувајки дека Студентскиот пленум, кој го организира  протестот е  параорганизација без легитимитет и кредибилитет.

„Нема никаква правна, ниту институционална форма, односно не се регистрирани како организација. Тоа е спонтана група која има политичка цел да ги злоупотреби средношколците и да ги направи политички инфантилни и да ги деградира. Токму затоа и на тие што денес протестираа, а и на нивните ментори ќе им порачаме – тргнете ги рацете од средношколците. Ние не сме политички вазали и престанете да ни ја навредувате интелигенцијата“, велат од таму.

Унијата  на средношколци  сметаат дека протестите  биле со политичка заднина, бидејќи истите , сопред нивни сознанија ги финансирала опозицијата и Сорос. Претставници на Унијата поднесоа и преставки до Народниот правобранител и до „Меѓаши“. Сметаат дека учениците се злоупотребуваат во политички цели. Испратена е  недвосмислена порака политиката да се држи надвор од училниците.

Во одговорот на Првата дестска амбасада „Меѓаши “ се предложува  Средношколската унија на Македонија и Средношколскиот пленум да разговораат како партнери и да изнајдат заедничко решение за излез од состојбата.

Народниот правобранител го осудува секое мешање на децата во политика. По серијата протести на средношколците, од омбутсманот истакнаа дека ќе преземат се што е во нивна надлежност, согласно Законот.
И Здружението за заштита на правата на детето ги осуди сите обиди за политичко влијание врз децата. Апелираше до родителите да не дозволуваат нивните деца да потпаѓаат под политички влијанија, кои резултираат со штетни последици.