Боки 13 фатен во шверц на луксузна гардероба, казнет со огромна глоба

Познатиот македонски ЛГБТ активист и силен поддржувач на владејачката СДСМ, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, бил фатен во шверц на луксузни чевли, ремени,  и очила за сонце, вчера на скопскиот аеродром, дознава НетПрес.

Нашите извори велат дека во багажот на популарниот Боки 13, македонските цариници нашле 19 парчиња луксузни чевли од познати светски марки. Информациите велат дека тој се обидел да ги прошверцува во земјава, без да плати царина за нив, со што се сомничи дека сторил кривично дело согласно чл.263 ст.3. Од тие причини цариниците му изрекле глоба во висина од 15.000 евра.

Имено, на 19 март, годинава, Боки 13 враќајќи се во Македонија со лет од од Виена, бил фатен од царинската контрола на скопскиот аеродром во обид да прошверцува 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце. Нашите извори велат дека при слегувањето од авионот, Боки 13 поминал на т.н. зелен канал, место определено за лица кои немаат ништо за пријавување за царинење. При селекција од страна на царински службеник е прегледан багажот на Боки 13 и била пронајдена непријавената стока, како што информира нашиот извор, од комерцијален карактер.

Дознаваме дека во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.

Согласно чл.263 ст.3 од Царинскиот закон, Боки 13 извршил царински прекршок, за избегнување на царинска контрола и според овој член од законот, Боки 13 треба да плати глоба во висина од 15.000 евра.

Инаку, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и стана поизнат на јавноста по реалните шоу програми на кои учествуваше, а се снимаа во соседна Србија. Тој, според неговите зборови, е близок пријател со врвот на сегашната власт во Македонија, а често може да се види во друштво на премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.

Боки 13 веднаш по преземањето на централната власт од страна на СДСМ јавно рече дека сака да посвои три деца. Тој тогаш нагласи дека очекува позитивен одговор од министерството за труд и социјала, бидејќи е во добри односи со целото раководство на СДСМ. При објавувањето на желбата на Боки 13 за посвојување на деца лично присуствуваше Фросина Ременски, која му даде силна поддршка.

Боки за ваквата своја идеја за посвојување на деца доби поддршка и од пратеничката на СДСМ, Ивана Туфегџиќ, која во едно свое гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма изјави дека хомосексуалците треба да склучуваат бракови и да посвојуваат деца.

Во екот на преземањето на власта од страна на СДСМ, Боки 13, побрза да влезе во високите кругови и преку својата граѓанска организација „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тој експресно оствари средби на високо ниво со премиерот Зоран Заев, со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со министерот во МВР, Оливер Спасовски. Боки, како претседател небаре на етаблирана и позната светска хуманитарна организација, се состана со половина државен врв во земјава, барајќи соработка за која патем доби и голема поддршка.

Новиот градоначалник на скопската општина Карпош, Стефан Богоев, својата изборна победа на последните локални избори ја славеше со Боки 13.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.