„Боко Харам“ киднапира 20 жени во Нигерија

Терористичката група „Боко Харам“ киднапирала 20 жени во Нигерија.

Вооружените мажи дошле во четвртокот попладне во селото Гаркин Фулани и ги принудиле жените да влезат во нивните возила под закана дека ќе бидат застрелани.

Потоа заминале во непознат правец. Групата киднапирала и три момчиња, кои се обиделе да го спречат нападот.