Боко Харам киднапирале 80 лица, претежно деца

Борци на нигериската исламистичка група „Боко харам“ киднапирале околу 80 лица, од кои многу деца, и убиле тројца во нападот врз села во Северен Камерун, соопштија властите и армијата.

Денешните киднапирања, најмасовни во Камерун, откако групата почна да ја проширува зоната на операции преку границата минатата година, се совпадна со пристигнувањето на војници од соседен Чад во помош на камерунската армија.