Боко Харам палеле живи луѓе

Припадници на терористичката група Боко Харам уби голем број луѓе при нападот на островот Карамга, на езерото Чад што се случи за време на викендот.

Оние кои пак, се обидувале да се скријат во куќите, биле живи запалени.  Припадниците на Боко Харам пристигнале на 25 април на островот и прво се судриле со нигериските владини сили, а потоа почнале да убиваат цивили.

Преживеан очевидец тврди дека терористите пукале врз луѓето кои се обиделе да се скријат во езерото. Тој тврди дека Боко Харам се повлекле попладнево откако еден нигериски воен авион почнал да бомбардира. Тие со себе повеле одреден број на жени и деца.

Од 2009 година па до сега, во нападите на оваа терористичка група загинаа повеќе од 13.000 луѓе, пред се во северниот дел на Нигерија, а од 2013 година се почесто се напаѓани и соседните држави.