Боко Харам уби 15 лица

Вооружени припадници на Боко Харам вчера убиле 15 селани во североисточниот дел на Нигерија во близина на Мајдугури, соопштија безбедносните сили.

Терористи на групата Боко Харам го нападнале и запалиле целото село Камбари, што се наоѓа на помалку од пет километри од Мајдугури.

Денеска во Мајдагури почнува кампања за реизбор на претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан, на изборите на 14 февруари годинава. Џонатан, христијанин од јужниот дел на земјата во трката за претседател се соочува со поранешниот лидер генерал Мохамед Бухари, кој е сунитски муслиманин.

Групата Боко Харам се залага за формирање на калифат и воведување на шеријат во североисточниот дел на Нигерија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.