Боко харам уби над 100 лица во Фотокол

Повеќе од 100 лица се убиени во вчерашниот напад на нигериската исламистичка група Боко харам врз камерунскиот град Фотокол, соопштија локалните власти, пишува МИА.

Терористите го нападнале градот и заклале десетици негови жители и војници, но точни податоци за бројот на жртвите не се соопштени.
за време на нападот борците на Боко харам запалиле и голем број куќи, како и Големата џамија во Фотокол.
Камерунската армија синоќа соопшти дека успеала да им се спротивстави на напаѓачите и да убие 50 од нив.