Боко харам уби шестмина војници во Нигер

Група вооружени припадници на Боко харам нападнаа воена патрола и убија шестмина војници на 20 километри од градот Дифа во југоисточниот дел на Нигер.

Тројца војници се ранети во нападот, се наведува во соопштение на Министерството за внатрешни рбаоти на африканската држава, пренесува БТА.

Регионот на Дифа се наоѓа во близина на границата со Нигерија и постојано е подложен на напади од оваа екстремистичка групација.

Во март 2015 година Боко харам се заколна на верност на Исламска држава.