Боко Харем киднапирале 200 девојки кои ќе ги продадат

Лидерот на нигериската секта Боко Харем, Абубакар Шекау ја презеде одговорноста за киднапирањето на повеќе од 200 ученички и додал дека има намера да ги продаде.

„Ја ги киднапирав“, рекол тој на видео снимката на која воедно најавил дека ќе следат уште напади.

Во меѓувреме полицијата ја уапсила жената која организирала големи демонстрации во знак на протест поради киднапирањата. Апсењето наводно го наредила првата дама на Нигерија, иако сопругата на претседатело според Уставот нема право да издава такви наредби.

Јавноста жестоко ја искритикувала Владата поради неспособноста да им влезе во трага на киднапираните девојки.