четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Боксерите децидни: Новите мерки ќе го вратат боксот во Македонија во живот

61140173a2bd901e7aaad5d9234f8db9

Поврзани вести

Со мерките кои што ги предложи претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски боксот во Македонија конечно ќе го врати сјајот од старите денови, кога Македонија произведуваше врвни боксери кои освојуваа медали во светските рингови, велат првите луѓе на Македонската боксерска федерација.

Претседателот на Федерацијата, Игор Златков вели со овие мерки боксот ќе се издигне и го заземе местото кое го заслужува меѓу популарните спортови во земјава.

„Боксот е олимписки спорт којшто ќе треба да се развива во оваа држава и да застане онаму каде што му е местото. Според изјавата и ветувањето кое што со сигурност ќе биде реализирано ќе треба да направиме боксерска лига која ќе почне да оперира од 2017 година. Во моментот имаме 16 клубови кои сигурно ќе бидат повеќе на број пред почетокот на лигата, ќе имаме квалификациски турнир преку којшто ќе се одреди кој осум ќе оди во прва лига, кој осум ќе останат во втора лига“, вели Игор Златков, претседател на Македонска боксерска федерација.

Боксерите очекуваат со мерките најавени од Груевски да запре период на стагнација на македонскиот спорт и македонските боксери повторно да се вратат во ринговите на европските и светски натпреварувања.

„Сега да се надеваме дека ќе почнеме да ги посетуваме младите првенства кои се организираат, а сениорските кога ќе созрееме за да ја израдуваме Македонија“, вели боксерскиот тренер, Оливер Станков.

Груевски најави четири мерки за поддршка на македонскиот спорт. Една од мерките е формирањето на лиги за спортовите кои се популарни, но досега немаат таква организација. Планирано е за оваа намена од буџетот да се издвојат 700-тини илјади евра, а во првата година овие пари ќе бидат намети токму за боксот, во втората година ќе се финансира формирање на карате лига. Во овие средства предвидени се награди за спортистите за секој натпревари, како и за шампионот и вицешампионот во вредност од 20 и 10 илјади евра.

„Секоја компанија која дава вакво финансирање за кое ќе добие ослободување од данокот на добивка, може да е максимум во висина од 20 осто од нивната годишна добивка, додека за делот меѓу 20 и 30 осто од добивката се ослободува 50 осто.  Над 30 осто од добивката не би имало ослободување на данок од добивка. На пример, компанија која има добивка од 1 милион евра и за тоа треба да плати данок на добивка, доколку инвестира 200 илјади евра во некој спортски клуб или федерација, за истиот износ би била ослободена од плаќање данок на добивка кон државата. Доколку инвестира уште 100 илјади евра, за тие 100 илјади евра ќе биде ослободена од 50 илјади евра данок на добивка“, рече Груевски.

Меѓу четирите мерки кои ги најави Груевски е и издвојување на три отсто од месечната заработка на спортските обложувалници и 1,5 отсто од добивката на автомат казината за финансирање на спортските федерации чии дисциплини се олимписки. Последната мерка е издвојување на финансии од буџетот за ангажман на врвни тренери на спортските академии. Во првата година од реализација на оваа мерка догодина ќе биде ангажиран терен по фудбал на академијата во Скопје.

Најчитани вести