вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 17

Боксерите со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Да бидеме сите обединети-за едно исто име, за една иста Македонија

Поврзани вести

И боксерскта федерација изрази поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Селекторот на боксерската репрезентација, Мирко Ристески дека сите треба да имаме една иста цел, да се бориме за Македонија.

-Да бидеме обединети и да бидеме сите сплотени, за едно исто име, за една иста Македонија. Ние како спортисти од боксерската федерација на Македонија, порачуваме на другите, дали политичари, дали обични граѓани, нека се сплотат и нашето парче земја нека не ги растураат, за сите една иста цел да имаме, за Македонија да се бориме. Во боксот и во другите спортови, има и други националности, Срби, Албанци, Турци, Роми, сите се почитуваме и затоа и сите треба и ние како народ без разлика кои сме, да ја почитуваме оваа наша мала земја, Македонија. Да живее Македонија и светот да не знае како Македонци, порача на крај Ристески.

Најчитани вести