Боксерките на Неимар под лупа на ФИФА

Боксерките на најголемата ѕвезда во бразилската репрезентација Неимар, се најдоа под лупа на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Бразилецот најверојатно ги прекршил маркетинг правилата, откако беше уловен со боксерки со боите на бразилското знаме. Според ФИФА на Светското првнство во Бразил не смеат да се рекламираат други спонзори освен официјалните.

Фудбалерите немаат право ниту да упатуваат политички или религиозни пораки за време на Мундијалот. Добрата вест заНеимар е тоа што засега може да биде само парично казнет.

Сличен скандал изби за време на Еврпското првенство во 2012 година кога Данецот Никлас Бентнер во радост на постигнат гол ги покажа боксерките со кој рекламираше обложувалница. За овој негов потег заработи казна од 100.000 евра, којабеше платен од компанијата која што ја изрекламира.

Казната за Неимар би требало да биде пониска ,бидејќи етикетата на неговите боксерки не беше директно покажана. Од компанијата која ги произведува овие боксерки истакнаа дека нивната продажба пораснала, бидејќи секој производ поврзан со Неимар,ужива голема популарност во Бразил.