Болно: Направил 50 естетски зафати за да личи на Ким Кардашијан!

Дваесет и тригодишниот Британец Џејмс Парк направил над 50 естетски зафати за да личи на, според него најсовршената жена во светот, Ким Кардашијан.

-Воодушевен сум од убавата Ким уште откако почнав да го гледам реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“ и мислам дека таа е најпрекрасната жена на светот. Кожата, косата, се на неа е совршено, изјавил тој.

Тој бил подложен и на „пумпање“ на усните и јаболчниците, тетовирање на веѓите, отстанување на влакна со ласер на целото тело.

-Смешно ми е кога луѓето ќе кажат дека изгледам пластично, па не ми беше целта да изгледам природно, рекол тој.

2

3

4