Болоња слави – седумкратниот италијански шампион се враќа во Серија А

По завршувањето на финалето од плеј-оф разигрувањето за пласман во Серија А, тимот што се радува еседумкратниот шампион на Италија Болоња. “Болоњезите” на својот “Ренато Далара” во реванш мечот за промоција ремизираше со Пескара, но благодарение на подобриот пласман во лигашкиот дел од првенствето обезбеди враќање во елитниот ранг.

Домаќинот поведе со голот на одличниот Џанлука Сансоне во 37-та минута, но на стартот на вториот дел Пасквато погоди за 1:1. Сепак, од таа 56-та минута сѐ се смени на теренот, гостите почнаа силно да напаѓаат, додека домаќинот ги загуби конците, а целосната агонија дополнително ја продлабочи исклучувањето на Ибрахим Мбаје.

Потоа на теренот постоеше само еден тим. На Пескара ѝ беше потребен гол, бидејќи само победа ја носеше во повисок ранг. Гостите беа упорни, во неколку наврати ја погодуваа рамката од голот, а на голот на Болоња блескаше Анхело да Коста. Домаќинот успеа да издржи, ја сочува својата мрежа и по само една година се враќа во Серија А.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.